
ВИДЕО: Се појави видео од Хамбург, напаѓачот пука во Јеховините сведоци низ прозорец
Очевидец на вчерашниот масакр во Хамбург снимил видео на кое, според Би-би-си, се гледа како напаѓачот пука низ прозорецот. Синоќа седум лица загинаа, а најмалку осум се ранети во напад на зградата на верската организација Јеховини сведоци.
Полицијата соопшти дека на местото на злосторството пронашла и мртво тело за кое се претпоставува дека е напаѓачот.
„Слушнав силен истрел и отидов до прозорецот за појасна слика за ситуацијата. Видов човек со огнено оружје како пука низ прозорецот и го снимав“, изјави очевидецот.