
ВИДЕО: Се отвори врата од авион среде лет, патниците во паника
На социјалните мрежи се појави видео од опасен инцидент во летот на јужнокорејската авиокомпанија „Азијана ерлајнс“.
Авионот слетал на аеродромот Даегу околу 12:40 часот по локално време откако полетал еден час порано од островот Џеџу, според распоредот на летови на аеродромот.
Во инцидентот нема повредени, но некои патници се пренесени во болница со проблеми со дишењето поради шокот, изјави портпаролот на компанијата.
Door of Asiana Airlines plane opens in mid-air just before landing in South Korea; 9 people taken to hospital with breathing difficulties pic.twitter.com/rUI6LTRihj
— BNO News (@BNONews) May 26, 2023