Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Сара Мејс им подари химна на сите Хероини, кои секојдневно се борат со животните предизвици
Магазин

ВИДЕО: Сара Мејс им подари химна на сите Хероини, кои секојдневно се борат со животните предизвици

10/06/2024

AA

Сара Мејс го објави својот најнов музички проект „Хероина“. Станува збор за безвременскa порака, која ја носи самиот текст на песната.

Автор на текстот и на музиката е Сара Мејс,  за аранжманот и музичката продукција се погрижи Роберт Билбилов, зад спотот се потпишува Томислав Живковиќ, а асистент на продукација e Љупка Андоновска.

Видео записот во целост ја доловува целата приказна, благодарение на сите хероини кои се дел од спотот и кои секојдневно се борат со животните предизвици, а во исто време мотивираат и охрабруваат. Во спотот учествуваа голем број жени од македонската јавна сцена, односно Тамара Тодевска, Ана Дурловски, Тамара Котевска, Лидија Кочовска, Емра Куртишова, Атиџе Муратова, Ана Кондратенко, Наталија Теодосиева, Милица Џаровска, Ирина Камиловска, Лејла Рамковска, Ем Вандера Блажеска, Цеце Николовска, Катерина Попева, Ирина Атанаскова, Ева Богоевска, Христина Накевска, Фросина Ангеловска, Ивана Хаџиванова и уште многу други хероини, кои со задоволство прифатија да бидат дел од проектот.

Како и во сите претходни музички проекти, така и во песната „Хероина“, преку текстот и музиката, Сара Мејс изразува силна емоција, овојпат посветена на секоја жена, девојка, мајка, ќерка.

Во песната е опеана самодовербата, силата, упорноста и борбеноста на жените во секое поле, односно нивната величенственост.

Со „Хероина“, Сара Мејс одново ја докажа својата посветеност кон нејзиниот музички стил, како и кон нејзината многубројна публика, затоа што и овој проект е одраз на автентична музика, текст кој заслужува особено внимание и инспиративен видео запис, кој ќе остане запаметен.

„Хероина“ е одраз на силна жена, која секојдневно се бори со силна волја за тоа што го сака и која непрекинато учи како да стане, после многубројните падови што ни ги носи животот. „Хероина“ е секоја од вас, затоа слушнете ја песната и уживајте во видео записот, кој со сигурност ќе ви предизвика бура од емоции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР ГО УАПСИ ЕКС ПРТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МЕТИ СЕЈДИНИ Проневерил

23/04/2026
Македонија

СВЕДОЦИТЕ ОПИШУВААТ РЕАЛНА СЛИКА НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, САМО НЕМА

23/04/2026
Македонија

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА

23/04/2026
Македонија

🎥 НЕ ГИ НОСЕТЕ ПОТВРДИТЕ ЗА ПЛАТЕНИ КАЗНИ ОД „СЕЈФ

23/04/2026
Македонија

И младата Теона доби бронзен медал на Менделеевата олимпијада

22/04/2026
Македонија

ДУИ САКА ДА ГО КОЧИ ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ И ДА ИЗБЕГНЕ

22/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НА КРИВО НАСАДЕН Успеа да се скара и со

22/04/2026
Македонија

„Крстов Дол“ го подели СДСМ: Партијата бара референдум, градоначалникот Митовски

22/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42782
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР ГО УАПСИ ЕКС ПРТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ МЕТИ СЕЈДИНИ Проневерил 700.000 евра

23/04/2026

Уапсен Мухамед Мети Сејдини, екс претседател на ФФМ. Првично се сомничи за проневера на 700.000 евра пари од УЕФА доделени

СВЕДОЦИТЕ ОПИШУВААТ РЕАЛНА СЛИКА НА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ, САМО НЕМА КОЈ ДА ГИ СЛУШНЕ Гледа

23/04/2026

Судењето за пожарoт во дискотеката „Пулс“ во Кочани влегува во фаза во која не само стручната јавност, туку и сите

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДУВА Ни треба заедничка

23/04/2026

Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води, денес сме токму во таков момент, порача

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy