Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ САКА ДА ГО КОЧИ ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ И ДА ИЗБЕГНЕ ОДГОВОРНОСТ Техничката влада беше решение на длабока криза, контекстот од 2015 година не постои
Македонија

ДУИ САКА ДА ГО КОЧИ ДЕМОКРАТСКИОТ РАЗВОЈ И ДА ИЗБЕГНЕ ОДГОВОРНОСТ Техничката влада беше решение на длабока криза, контекстот од 2015 година не постои

22/04/2026

AA

Ставот на ДУИ е чиста хипокризија и обид за извртување на политичката реалност, техничката влада не беше некаков демократски стандард што треба денес да се брани, туку итно решение наметнато од длабока политичка криза, криза што произлезе од компромитираната коалициска власт и тешките скандали во кои ДУИ беше дел, во партнерство со режимот на Никола Груевски, рекоа денеска пратеничките на Вреди.

– Да потсетиме зошто беше создадена техничката влада: за да гарантира слободни и фер избори во момент кога државата беше заробена од масовно прислушување, злоупотреба на власта и длабока криза на доверба. Значи, тоа беше привремен механизам за враќање на минимумот на демократијата, а не модел што треба да се одржува бесконечно – рече пратеничката Саранда Имери Стафаи.

Денес, додаде, ДУИ се обидува да ја претстави како „достигнување што треба да се брани“, прикривајќи го фактот дека самата беше дел од проблемот што ја направи таквата мерка неопходна.

– Дури, во 2023 година, истата таа ДУИ даде согласност за укинување на техничката влада. Оттука се поставува директното прашање: дали ДУИ се консултираше со меѓународните фактори кога побара укинување на техничката влада во 2023 година – рече таа.

Контекстот од 2015 година повеќе не постои, додаде пратеничката.

– Не сме веќе во таа реалност на политички кризи, безбедносни тензии и институционален колапс. Напротив, денес со владеењето на Вреди имаме поинаква реалност: изборни процеси признаени на меѓународно ниво, посилна институционална контрола и повисоки демократски стандарди. Како членка на НАТО, државата влезе во нова фаза на стабилност и државна одговорност. Дури и локалните избори од минатата година беа оценети како едни од најдемократските во историјата на земјата. Ова ја прави техничката влада не само непотребна, туку и надмината – рече Имери Стафаи.

Да се инсистира денес на кризен механизам е обид да се кочи демократскиот развој и да се избегне одговорност во еден нормален политички систем, потенцира таа.

– На земјата ѝ се потребни функционални институции, целосен политички легитимитет и избори што се организираат од влада со полн мандат, а не привремени модели што припаѓаат на една веќе завршена кризна епоха – додаде пратеничката на Вреди.

СОБРАНИЕТО ЈА УТВРДИ ПОТРЕБАТА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА „За“ гласаа 67 пратеници, а 13 беа против

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy