Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДУВА Ни треба заедничка визија каде сакаме да бидеме за 10 години
Македонија

ЕВРОПА МОРА ДА НОСИ ОДЛУКИ И ДА ВОДИ, НЕ ДА СЕ ПРИЛАГОДУВА Ни треба заедничка визија каде сакаме да бидеме за 10 години

23/04/2026

AA

Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води, денес сме токму во таков момент, порача премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска во Виена се средба со австрискиот канцелар Кристијан Штокер.

– Живееме во време на преиспитување. Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика и заедно со економијата се прашање на опстанок. Во такви околности, зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме – порача Мицкоски.

Затоа, разговорот за економијата, трговијата и инвестициите е техничка тема, но и длабок разговор за тоа каква Европа сакаме да изградиме, додаде тој.

– Дали ќе биде континент што се прилагодува на кризите или континент што го обликува светот и правилата во светот. Нашата определба е јасна. Да градиме економија што создава, а не само троши. Да градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност. Да градиме систем во кој работата се исплати, а довербата има вредност. Ова не се секојдневни слогани – вели премиерот.

Ова е јасна насока, нагласи, инвестициите ги гледаме како двигател на промените.

– Промените што носат нова индустрија. Ново знаење. Нов квалитет. Нов стандард. Ние не бараме само странски инвеститори. Бараме партнерство. Бараме доверба. Бараме заедничка визија за тоа каде сакаме да бидеме за 10 години. Австрија е еден од ретките партнери со кои таа визија може да се претвори во реалност. Не единствено поради економското присуство, туку и поради конзистентноста, сериозноста и разбирањето на регионот – вели Мицкоски.

Но, дозволете да бидам јасен, потенцира тој.

– Не сакаме само да ја одржуваме соработката. Сакаме да ја подигнеме на повисоко ниво. Новото време бара нова динамика. Повеќе инвестиции во производство. Повеќе вложувања во енергетика. Повеќе партнерства во дигиталната трансформација. Повеќе инфраструктура што поврзува, наместо што раздвојува. Енергетската транзиција е тест за сите нас. Тест на капацитет. Тест на визија. Тест на лидерство. За нас, таа е шанса. Шанса да создадеме економија што ќе биде посилна од кризите и подготвена за иднината – вели премиерот.

Но, таа шанса може да се реализира само со партнери што размислуваат долгорочно и затоа ни треба Европа што не чека, туку дејствува, нагласи тој.

– Европа што не се двоуми, туку одлучува. Европа што не се плаши од конкуренција, туку ја создава. Почитувани пријатели, Ќе кажам нешто што верувам дека сите го чувствуваме, но ретко го изговараме доволно јасно: Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби. Европа нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни. Европа нема да биде конкурентна ако нејзините економии не растат заедно. Затоа ова е прашање на билатерална соработка. Но, ова е прашање и на заедничката одговорност. Ние сме подготвени да ја преземеме таа одговорност. Подготвени сме да работиме. Подготвени сме да носиме одлуки. Подготвени сме да испорачаме резултати – потенцира Мицкоски.

И затоа, нагласи, веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и на конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација.

– Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат – порача премиерот Христијан Мицкоски во Виена.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy