
ВИДЕО Санкт Петербург во облак од црн чад: Изгореа 70.000 метри квадратни
Пожарот во магацинот на онлајн продавницата Wildberries во Санкт Петербург е локализиран на 70.000 квадратни метри и нема повредени, соопшти Министерството за вонредни состојби на Русија.
Во гаснењето на пожарот учествуваа 286 пожарникари и 57 технички единици, а претходно раководството на Министерството соопшти дека горат магацини.
Пожарот зафатил површина од 70.000 метри квадратни, а се урнал и покривот. Пожарникарите се уште го гаснат пожарот, јавува Јутарњи.хр.
Пожарот се шири и кон паркингот каде што се наоѓаат камионите за испорака. Во моментот на пожарот во магацинот имало близу 1.000 вработени бидејќи се менувала смена. Инаку, Wildberries вработува речиси 50 илјади работници.
