
ВИДЕО Реката Курделес се излеа кај „Император“ – автомобил заглавен во надојдената вода, полицијата го блокира пристапот
Обилните врнежи од дожд вечерва предизвикаа хаос во Битола. Реката Курделес се излеа од своето корито, предизвикувајќи поплави во делот кај „Император“. Екипата на 4news.mk е на лице место и сведочи за критичната состојба.
Нивото на водата на улиците веќе надминува 30 сантиметри и го прави движењето речиси невозможно.
Ситуацијата е драматична бидејќи во надојдената вода има заглавен еден патнички автомобил. Во овој момент, сè уште нема официјална потврда дали во возилото има заглавени лица или возачот успеал навреме да излезе.
На критичната точка веќе е пристигната тешка механизација која се обидува да го санира излевањето и да ја испумпа водата. Припадници на полицијата се исто така на терен и го регулираат сообраќајот, не дозволувајќи возилата да се движат кон поплавениот дел за да се избегнат нови инциденти.
Граѓани до нашата редакција јавуваат дека критично е и на други места низ градот.
На терен е и градоначалникот.
