
(ВИДЕО) РАМА СЕ ИЗНЕРВИРА: Почна да пцуе додека траеше преносот во живо
Премиерот Еди Рама се изнервира при директниот пренос на неговиот говор на социјалните мрежи вчера и почна да удира по масата. Снимката брзо стана вирална.
За време на преносот, Рама го коментираше апсењето на неговиот близок соработник, градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај.
„Тој беше отстранет од функцијата без судење, затворен во ќелија, а Тирана остана без лидер“, рече Рама.
Градоначалникот на Тирана вчера е приведен од полицијата врз основа на истрагата што против него беше покрената лани. Осомничен е за корупција, поточно за кривично дело „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“.
Рама во еден момент се фати за глава, ја тресна со раката на масата и ја покри камерата со прстите. Се слушна и како пцуе.