
ВИДЕО Пожар во Зелениково, една куќа изгоре целосно
Пожар попладнево избувна во Зелениково, при што една куќа целосно изгорела.
Екипита на противпожарната единица се уште се справува со пламените јазици.
Во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот се наоѓало едно повозрасно лице, кое за среќа било навремено евакуирано.
Нема повредени, ниту жртви во пожарот.
Се очекува да се утврди кои се причините за несреќата.
Поради инцидентот, поголем дел од населението е без струја.
ФОТО И ВИДЕО: 4NEWS.mk
