Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Колку ќе ве чини новогодишната ноќ? На брод во Истанбул е поевтино отколку во македонски ресторан
Македонија

Колку ќе ве чини новогодишната ноќ? На брод во Истанбул е поевтино отколку во македонски ресторан

17/12/2023

AA

Како што наближува новогодишната ноќ, така се зголемуваат и понудите за славење на новата и испраќање на старата година, а прашањето „каде за Нова година?“ е почесто и од класичните „здраво“ и „добар ден“.

Месец декември автоматски значи подготовка за најлудата ноќ, било да се работи за славење во домашна атмосфера, било да е ресторан, плоштад или во туристичко место во и надвор од земјава.

И оваа година туристичките агенции излегоа со своите понуди за блиски и далечни дестинации, а угостителските објекти уште при крај на месец ноември почнаа да ги рекламираат своите понуди.

Иако трендот на дочекување на Новата година опаѓа, посебно кај возрасната група помеѓу 30 и 60 години која го изнесе најголемиот товар во тешката економска 2023 година, сепак постои интерес за славење во рестораните, дискотеките и туристичките дестинации, а „4news.mk“ направи мала анализа колку чинат новогодишните прослави.

Дочек во ресторан или хотел

За поголемо друштво ова е супер комбинација поради големиот избор на храна и пиење, добра музика и можноста да се облече најдоброто од вашиот плакар.

Просечната цена на ниво на земја е околу 2.300 денари за едно лице, најниската е 1500 денари во малите градови, а повисоките цени се движат помеѓу 2.700 и 3.500 денари во некои од најелитните локали ширум Македонија. На пример, во еден од најдобрите ресторани во Скопје, дочекот на новата 2024 чини 2999 денари со неограничено пиење и храна послужена во коктел стил, а гостите ќе ги забавува Владо Јаневски.
Во Тетово пак, дочек во ресторан со жива музика се движи од 2500 до 3000 денари по лице, додека познат ресторан на велешкото езеро Младост нуди новогодишна карта за дочек од 1900 денари со доплата на пијалокот.

Ако се решите за хотел, понудите со новогодишното мени се движат од 200 евра за три дена полн пансион до нешто под 300 евра за пет полни пансиони.

Туристички аранжман во странство

Ако се земе во предвид дека едно лице би потрошило околу 6000 денари вкупно за ресторан и за купување гардероба и подготовка, цената е речиси иста, можеби и повисока отколку да се уплати аранжман на некоја туристичка дестинација европските земји што како понуда е многу популарно по завршувањето на пандемијата со ковид.

Дел од агенциите го нудат Истанбул како најатрактивна дестинација. Две ноќевања со појадок, автобуски превоз и новогодишен дочек на приватен брод на Босфор чинат 129 евра, односно 8000 денари.

Топ дестинација станува и Златибор во Србија каде што за 129 евра се добиваат три ноќевања со појадок и вечера, посети на неколку места, автобуски превоз и дочек на плоштадот на кој секогаш пејат најголемите балкански ѕвезди.

Оваа година во понудата ја има и топлата Атина каде што аранжманите се движат од 130 до 150 евра за две ноќевања и автобуски превоз.

Некои агенции во својата понуда ги имаат италијанските Милано, Верона и Џенова кои чинат од 189 евра до 229 евра. Аранжаните за традиционално новогодишните дестинации Прага, Дрезден и Виена се пополнети уште во ноември за за нив треба да се издвоијат од 179 до 229 евра. Оние што не сакаат многу да патуваат имаат понуда за Будва од две ноќи за 109 евра, а од годинава побарувачка има и за Букурешт.

Дочек на плоштад

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026
Македонија

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно

26/06/2026
Македонија

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте

26/06/2026
Македонија

Мисајловски најави повисоки плати во Армијата и нов колективен договор

26/06/2026
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43976
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски со отчет: Нема недопирливи, градиме безбеден систем

27/06/2026

Безбедноста останува наш највисок приоритет, а во изминатите две години покажавме дека со посветеност, интегритет и меѓународна соработка се постигнуваат

Славески: До 80% од идните пензионери нема да акумулираат доволно пари за минимална пензија

26/06/2026

Пензиите на 70 до 80 отсто од осигурениците во вториот пензиски столб би можеле да бидат пресметани под законски утврдениот

Километарски колони и хаос на Плетвар: Тешка несреќа, се преврте камион!

26/06/2026

Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика тотален сообраќаен колапс на патниот правец Прилеп-Градско, во близина на приклучувањето за селото Ореовец на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy