ВИДЕО Повеќе од 150.000 луѓе протестираат против десницата во Берлин
Значително повеќе од предвидените 100.000 луѓе се собраа во Берлин и покрај дождот на протест против партијата Алтернатива за Германија (AfD) и екстремната десница.
Повеќе од 150.000 луѓе во моментов протестираат, напиша полицијата во саботата попладне на платформата на социјалните мрежи Х, порано позната како Твитер. Организаторите тврдат дека има околу 300.000 учесници.
На протестот се пријавени вкупно 100.000 луѓе, а демонстрантите планираат да изградат човечки ѕид со слоганот „Ние сме заштитен ѕид“.
Алијансата „Рака за рака“, која собира повеќе од 1.300 организации, повика на протест против омразата и нетрпеливоста.
„Сакаме да дадеме пример за солидарност и (да покажеме) дека сме против дискриминација. И дека мислиме дека е одлично кога Германија продолжува да има општество на различности наместо униформност“, рече 36-годишниот Серкан Бингел, граѓанин на Берлин со германско државјанство и професор во средно училиште, кој дојде на протестот со група.