
(ВИДЕО) Поплавен аеродромот во Дубаи, реки низ улиците
Големото невреме го поплави аеродромот во Дубаи, па може да се забележат авиони како се движат по пистите претворени во реки. Многу летови се прекинати.
Властите испратија цистерни на улиците и автопатите за да ја испумпаат водата.
Дождот е невообичаен во ОАЕ, но повремено се појавува за време на постудените зимски месеци.
Како што изјави читател за српски „Блиц“, во Дубаи се е во мирување, а многу луѓе се спречени да ги напуштат своите домови.
18 лица загинаа во поплавите во Оман.
Дожд врнеше и во Бахреин, Катар и Саудиска Арабија.
