
ВИДЕО: Попладнево кратко невреме го зафати Скопје
Попладнево кратко невреме го зафати Скопје, проследено со дожд и силен ветер. Во одредени реони како што е Аеродром и Ново Лисиче снемало струја, а дел од семафорите не работат. Во одредени делови на Скопје дел од улиците се поплавени, а поради паднати гранки од дрвја, на повеќе места има застој во сообраќајот.