Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Полскиот европратеник полуде – погледнете што направи со знамето на Европската унија
Македонија

ВИДЕО Полскиот европратеник полуде – погледнете што направи со знамето на Европската унија

08/05/2025

AA

При посета на државна институција во Катовице, Полска, Гжегож Браун го забележал знамето на Европската унија во ходникот.

На контроверзниот полски европратеник од екстремната десница Гжегож Браун, кој се кандидира за претседател на Полска на претстојните избори, во вторникот му беше одземен пратеничкиот имунитет.

Полските власти отворија кривична постапка против Браун во врска со инцидентот во декември 2023 година кога, како пратеник во полскиот парламент, тој употреби апарат за гаснење пожар за да ги изгасне свеќите за Ханука во полскиот парламент како знак на протест против прославата на еврејските празници во Полска.

Браун тврдеше дека Ханука не е религиозна прослава, туку историски настан на странска држава и изрази загриженост за, како што смета, контроверзните изјави и постапки на претставниците на организацијата Чабад-Лубавич, која ја организира годишната прослава на Ханука во полскиот парламент.

Го фрли Божиќното дрво

Поради тоа што политичарот беше избран за пратеник во Европскиот парламент на европските избори во јуни 2024 година, државното правобранителство поднело барање до Европскиот парламент за укинување на неговиот имунитет, пишува Еурактив.

Гжегож Браун се соочува со повеќе обвиненија, вклучително и навреда на религиозна група во полскиот парламент, попречување на предавање за холокаустот во Германскиот историски институт, отстранување на новогодишна елка украсена со ЛГБТ симболи од судот во Краков и фрлање во ѓубре.

Поради сето ова му беше одземен имунитетот. Но, тогаш се случи инцидент. За време на посетата на државна институција во Катовице, Полска, Браун го забележал знамето на Европската унија покрај полското знаме во ходникот. Тој се доближи до знамето, го соблече, а потоа демонстративно го фрли на подот.

„Ваквите амблеми не подлежат на никаква правна заштита на територијата на Република Полска. Ова е Полска, а не Брисел! Извика Браун. Потоа го полил знамето со бензин и го запалил во дворот на установата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy