
ВИДЕО Пламенот на војната се шири низ планетата! Нападната израелската амбасада во Токио!
Во јапонската престолнина Токио утрово е уапсен маж кој со својот автомобил поминал низ заштитната ограда пред израелската амбасада.
Би-би-си јавува дека еден полицаец е повреден, јави јапонската телевизија NHK.
Уапсен е маж на околу 50 години, за кој се верува дека е член на ултрадесничарска организација.
Се наведува дека заштитната ограда се наоѓала на околу 100 метри од зградата на израелската амбасада.
На социјалните мрежи се појави видео на NHK на кое се гледа како автомобил пробива ограда.
Се уште не се знае дали инцидентот бил намерно предизвикан.
Би-би-си потсетува дека израелските амбасади и конзулати ги засилија безбедносните мерки ширум светот во текот на изминатиот месец.
