Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на ОН со Орден на РСМ
Македонија

ВИДЕО Пендаровски во Њујорк ја одликуваше Организацијата на ОН со Орден на РСМ

23/09/2023

AA

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес и за непроценливиот придонес за обновата на градот Скопје, којшто прерасна во град на солидарноста и вистински симбол на пријателството меѓу народите.

Претседателот Пендаровски оствари и средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на која се разговараше за севкупните активности на Република Северна Македонија во рамки на Обединетите Нации, како и за улогата на организацијата во справувањето со глобалните предизвици.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за посветеноста на ОН во нашата земја и изрази очекување соработката во иднина да продолжи со зголемен интензитет. Тој нагласи дека континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија придонесува за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори за развој на македонското општество.

На средбата беа разменети мислења и информации за текот на нашите евроинтеграции, за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот, како и за руската воена агресија врз Украина. Претседателот Пендаровски ја истакна нашата силна заложба и посветеност за јакнење на улогата на ОН во справувањето со глобалните предизвици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар

30/09/2026
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45885
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЕШТЕРСКИ ПАТРИОТИЗАМ • ОСТРИ КРИТИКИ ОД БУГАРСКИОТ ИСТОРИЧАР БЛАГОЕВ Цар Самоил нема да им прости

30/09/2026

Во Бугарија има поделени реакции – од еуфорија до критики, по договорот Атина да ѝ ги даде на Софија останките

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле во камиони за царинење

30/09/2026

Царински службеници во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy