
ВИДЕО Падна првиот снег во регионот – се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег
Утрово на социјалните мрежи се појавија фотографии од планинските врвови во Србија и соседството, кои го бележат првиот снег за оваа сезона.
На Голија е забележана обилна лапавица, а снежни врнежи има и на Копаоник. Во регионот, првиот снег падна на падините на Бјелашница во Босна и Херцеговина.
Според најавите на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во четврток и петок се очекува формирање на снежна покривка во ридските и планинските предели на јужна и источна Србија. На некои планински места се прогнозираат врнежи од 25 до 50 сантиметри снег во рок од 48 часа.
Поради најавените обилни врнежи од дожд, снег и можност за мраз, на сила се „жолти“, „портокалови“ и „црвени“ метеоаларми.
