Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТИТАН Усје: Иновации и примена на вештачка интелигенција за унапредување на развојот и поголема декарбонизација
Македонија

ТИТАН Усје: Иновации и примена на вештачка интелигенција за унапредување на развојот и поголема декарбонизација

01/10/2025

AA

Како дел од групацијата ТИТАН, цементарница Усје континуирано инвестира во развој на дигитални алатки и примена на вештачка интелигенција во работењето, со што се зголемува оптимизацијата и контролата на производните процеси. Најновите достигнувања на компанијата во оваа област беа претставени на интернационалниот Самит за вештачка интелигенција – AI Tech Summit, што се одржа во Скопје.

На самитот беше презентиран автономниот систем за оптимизација на производството во реално време, кој е развиен од тимови на компанијата. Дејан Величковски, менаџер за дигитализација, ИТ инфраструктура и безбедност во компанијата и Александар Мојсовски, Менаџер за Одржување, објаснија дека ова дигитално решение овозможува поголема контрола на производството, како на процесот така и на опремата, со што се максимизира пропусната моќ на производот и ја намалува потрошувачката на енергија. Тие ги презентираа и досегашните позитивни искуства од примената на оваа напредна технологија во компанијата. Преку новиот автономен систем на оптимизација на производството се подобрува квалитетот на производот и се постигнува поголема декарбонизација.

AI Tech Summit претставува важна платформа за регионално вмрежување и соработка меѓу професионалци од индустриите, истовремено овозможувајќи дискусии за иднината на вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз глобалната економија.

Претставник на ТИТАН Усје ги презентираше и иновативните решенија во насока на унапредување на квалитетот на производот, но и намалување на јаглеродниот отпечаток, на 21. Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, кој се одржа во Охрид. Во рамките на Симпозиумот беше презентирана напредната технологија за производство на новите еко цементни, при чие производство се постигнува поголема декарбонизација. Менаџерот за контрола на квалитет на ТИТАН Усје, Ане Анчев, преку презентацијата „Декарбонизација на производството на цемент преку воведување на SCMs“, ја претстави стратегијата на компанијата за оптимизација на портландски цементи со летечка пепел, како и развојот на цементи со рециклирани фини делови, истакнувајќи ја улогата на овие две иновации во намалување на емисиите на CO2.

На конференцијата се дискутираше за брзите трансформациски процеси во градежната индустрија и тоа и во сегментот на проектирање, градење, одржување и во производството на нови иновативни градежни материјали со подобрени перформанси.

Градежното конструкторство е сѐ повеќе изложено на овие напредни технологии, кои овозможуваат и автоматизација на одредени градежни процеси, како што е употребата на роботи за 3D печатење на елементи и конструкции, дронови со кои се зголемува продуктивноста, но и безбедноста на работните места.

ТИТАН УСЈЕ е целосно посветен на декарбонизација, имплементација на одржливо управување со отпадот и континуиран развој преку дигитализација, иновации и воведување на вештачка интелигенција во сите сегменти од работењето. Компанијата е прва во инсталирање на капацитети за употреба на алтернативни горива за енергија, со што значително се намалуваат емисиите на CO₂.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46650
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли до 20 степени

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Во попладневните часови и во

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy