
ВИДЕО Осомничените за убиството и грабнување на Вања завршија во притвор
Судија на претходна постапка до рано утрово во Киривчниот суд ги сослушуваше осомничените три лица за грабнувањето и убивањето на 14 годишната Вања. Донесена е одлука со која на лицата им се определува мерка притвор во времетраење од 48 часа.
Синоќа 4NEWS.mk до раните утрински часови известуваше за спроведувањето на Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски.
Таткото на девојчето се уште е во полициска станица, а денеска ќе стане јасно дали и тој ќе биде осомничен и дали обвинителството ќе бара некаква мерка за обезбедување.