ВИДЕО: Ѓоковиќ каков што не сте виделе досега – плачеше и падна славејќи со семејството
Новак Ѓоковиќ по десетти пат во кариерата го освои Австралија опен.
Српскиот тенисер го победи Стефанос Циципас со 6:3, 7:6 (4), 7:6 (5) и со тоа го израмни рекордот на Рафаел Надал од 22 победи на Грен слем турнирите. Ѓоковиќ со оваа победа обезбеди враќање на првото место на АТП ранг листата.
Ѓоковиќ беше многу емотивен по победничкиот бод. Тој почна да плаче и го покри лицето со крпа, а потоа отиде кај семејството и со нив ја прослави големата победа.
This is what it means 🥺🏆 pic.twitter.com/qJUiJxmgAc
— Eurosport (@eurosport) January 29, 2023