Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Објавена снимка од експлозијата во Белгород
Македонија

ВИДЕО: Објавена снимка од експлозијата во Белгород

21/04/2023

AA

РУСКИ воен авион случајно пукаше со муниција кон градот Белгород во близина на границата со Украина во четвртокот доцна навечер, предизвикувајќи експлозија и оштетувајќи згради, јави руската новинска агенција Тас, цитирајќи го Министерството за одбрана.

Локалните власти известија за голема експлозија во градот веднаш преку границата со Украина. Регионалниот гувернер рече дека две жени се повредени. „Додека авионот Сухој Су-34 на воздухопловните сили летал над градот Белгород, дошло до случајно испуштање на авијациска муниција“, рече Тас, објавувајќи го соопштението на Министерството за одбрана.

Су-34 е суперсоничен ловец-бомбардер. Не беше кажано за какво оружје станува збор. Министерството соопшти дека некои згради се оштетени и најави дека истрагата е веќе во тек, наведува руската агенција, а пренесува Ројтерс.

Момент “взрыва” в Белгороде. Похоже действительно грохнулась авиабомба и не разорвалась. До момента падения судя по всему слышен звук пролетающего самолета. Он и уронил? pic.twitter.com/RbgnDyJSpq

— IanMatveev (@ian_matveev) April 20, 2023

Гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков, објавувајќи вонредна состојба, на Телеграм изјави дека на една од главните улици има кратер од 20 метри, без да прецизира што го предизвикало. Оштетени се четири автомобили и четири станбени згради, додаде тој.

Се појавија снимките

На видеата од местото на настанот се гледаат купишта бетон на улицата, неколку оштетени автомобили и зграда со скршени стакла. На едно од видеата се гледа автомобил наопаку на покривот на една продавница. Регионот Белгород е еден од неколкуте делови на јужна Русија каде цели како што се складишта за гориво и муниција беа потресени од експлозии од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година.

На социјалните мрежи се појави видео од моментот на експлозијата. Најверојатно се работи за надзорна камера која снима над голема и прометна раскрсница. На видеото се гледаат автомобили кои ја минуваат раскрсницата, но потоа во еден момент се гледа дека нешто паднало.

Потоа се гледа густ чад, а автомобилите повеќе не минуваат низ раскрсницата. Потоа дошло до голема детонација. Според она што може да се види од снимката, од моментот на ударот до детонацијата поминало извесно време.

В Белгороде произошел взрыв, от которого на пересечении проспекта Ватутина и улицы Губкина осталась воронка радиусом 20 метров.

По словам губернатора, пострадавших нетhttps://t.co/NEfFG2TMUQ
📷: zhest_belgorod / Telegram pic.twitter.com/nDw8ttK6Yz

— Медиазона (@mediazzzona) April 20, 2023

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy