
(ВИДЕО) НОВИ НЕРЕДИ НА КОСОВО: Koсовски полицајци влегле во зградата на општина Звечан
Повторно има нереди на Косово. Припадници на косовската полиција влегле во зградата на општина Звечан, а претходно употребиле солзавец и шок бомби.
На улицата има чад од солзавец и шок бомби, јавува РТС. Тепачката почнала кога полицијата ги повикала граѓаните да се оддалечат од зградата, што тие го одбиле. Фрлени се неколку шок бомби и солзавец, јавува Н1. Истрели се слушале петнаесетина минути. Се слушнал еден рафал, кој не бил од полицијата, јавува српскиот медиум.
Оклопни возила и специјални полициски единици се сместени пред зградата на општината. По 11 часот се огласиле сирените во Лепосавиќ, Косовска Митровица и Зубин Поток. Луѓето се собрале пред зградата на општина Звечан и со своите тела го блокирале влезот. Во еден момент се судриле со полицијата.
Претседателот на Србија и врховен командант на вооружените сили, Александар Вучиќ потпиша наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво. Инаку, и косовски Срби се упатија на митингот во Белград за поддршка на Вучиќ.
Таму заминаа и македонски граѓани.
фото принтскрин инстаграм
