![(ВИДЕО) НОВА СНИМКА: Исламски џихад објави порака од заложник](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/05/20240530194023-jpg.webp)
(ВИДЕО) НОВА СНИМКА: Исламски џихад објави порака од заложник
Исламски џихад денеска пак објави снимка од заложник во Газа.
Оваа палестинска група објави втора снимка од заложникот Александар Труфанов во Појасот Газа, со јасни докази дека е снимена неодамна, јавија израелските медиуми.
Во изјавата во видеото, за кое израелските медиуми велат дека ја диктирале киднаперите, се алудира на одлуката на Израел да ја забрани катарската телевизија Ал Џезира што се случи на 5 мај, што укажува дека снимката е од овој месец.
Палестинските терористи го киднапираа на 7 октомври 2023 година од кибуцот Нир Оз заедно со неговата мајка, баба и девојка. Сите три жени беа ослободени врз основа на договорот за прекин на огнот и размена на заложници за палестински затвореници во израелските затвори. Неговиот татко е убиен.
На 7 октомври лани почна војната меѓу палестинската терористичка група Хамас и Израел.