
(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: Стави рака на срце на туѓа химна, мислеше дека е американска
Претседателот на САД Џо Бајден направи нов гаф додека се интонираа химните за време на пречекот на премиерот на Индија, Нарендра Моди кој е во официјална посета на Вашингтон.
Според протоколот на Белата куќа, прво беше интонирана индиската химна во чест на гостинот и притоа Бајден ја стави раката на срце што е практика при изведувањето на химната на САД.
Откако сфати дека се работи за туѓа химна, ја спушти раката, но видеото предизвика реакции кај медиумите и јавноста на социјалните мрежи.
Halfway through the anthem, Biden realized that it was the anthem of India pic.twitter.com/YdXx21p0QI
— Sprinter (@Sprinter99880) June 22, 2023