Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Преку 50 дестинации од Македонија, од денеска нова авиолинија Скопје – Осло
Македонија

Преку 50 дестинации од Македонија, од денеска нова авиолинија Скопје – Осло

23/06/2023

AA

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, на Меѓународниот аеродром Скопје ги пречекаа првите патници на линија Осло – Скопје со што го означија воспоставувањето на новата авиолинија, која ќе ја оперира авиокомпанијата Норвеџиан Ерлајнс.

Во прилог интегралното обраќање на министерот Бочварски.

„Продолжуваме со реализацијата на нашите успешни политики за развој на авиосообраќајот и цивилното воздухопловство во Северна Македонија. Во контиуитет обезбедуваме нови дестинации за нашите граѓани, овозможуваме зголемен развој на туризмот во земјата, а со тоа и раст на домашната економија.

Овој месец се воспоставија неколку нови линии од охридскиот аеродром, а еве веќе од денеска, на заедничко задоволство  ја промовираме линијата Скопје – Осло која ќе биде реализирана преку авиокомпанијата  Норвеџиан Ерлајнс. Сакам да упатам благодарност за тоа што ја избраа Северна Македонија во нивната мрежа на дестинации.

Влегувањето на норвешката авиокомпанија на македонскиот пазар е само потврда на успешните политики што ги реализираме заедно со ТАВ Македонија.  Создавајќи поволни услови за авиокомпаниите, ја доближуваме земјава поблизу до европските пазари.

Од Меѓународниот аеродром Скопје до сега бевме поврзани со Осло преку авиокомпанијата Визер, но со оваа нова линија на Норвеџиан ерлајнс даваме дополнителна алтернатива и можност за унапредување на економијата, туризмот и генеранлно  конкецијата со Норвешка. Линијата ќе сообраќа два пати во неделата и уверен сум дека ќе отвори многу нови перспективи и зближување помеѓу двете земји.

Со нашиот партнер ТАВ имаме одлична соработка, а тоа се гледа и преку резултатите што ги остваруваме.

Оваа година сме на добар пат да оствариме рекордно ниво на авиосообраќај од нашите два аеродрома, каде само за споредба во периодот јануари – средина на јуни 2023 имаме зголемување од 44% во однос на истиот период изминатата 2022 година, што е силен доказ за нашата посветеност и упорност да овозможиме подобри услови и услуги во авиосообраќајот во земјава.

Како што напоменав неколку пати, тригодишната програма за воспоставување на нови авиолинии ги дава посакуваните резултати.

Со тоа владата останува силно посветена во унапредување и развој на авиосообраќајот во Северна Македонија.

Квалитетни услуги за нашите граѓани, нови дестинации, повеќе туристи и максимално искористување на капацитетите на нашите два аеродроми останува наш врвен приоритет“, се обрати министерот Бочварски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45050
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски парк во Скопје

16/08/2026

На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy