Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ ГРАЃАНИ Стратешките договори со САД и со Велика Британија се историски, вели Мицкоски
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ ГРАЃАНИ Стратешките договори со САД и со Велика Британија се историски, вели Мицкоски

13/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува на договорот за трговија што двете држави ќе го потпишат, а со кој ќе се овозможи подобра економија и повеќе можности за македонската економија.

Со стратешкото партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, завршувањето на постмониторингот на Советот на Европа и потпишувањето на овој договор со САД, истакна Мицкоски, се заокружува дипломатската офанзива во првите дваесетина месеци од оваа нова Влада, посочувајќи дека станува збор за историски договори.

– Дозволете ми да им честитам на македонските граѓани за онаа убава вест која што на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија што понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонската економија. На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија и Обединетото Кралство, после избришаниот постмониторинг на Советот на Европа, овој трговски договор, којшто ќе биде во рамките на заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата куќа, ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада. И тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава – изјави премиерот Мицкоски, кој од денеска учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција.

Зборувајќи за денешните активности, тој посочи на средбите со високи претставници со компанијата Шварц, една од најголемите во светот и една од најголемите во Германија со годишни приходи од повеќе од 180 милијарди евра, која вработува повеќе од 6.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, меѓу кои и во нашата Македонија.

Вториот состанок како продолжување на оној во Давос, македонската делегација што ја предводи премиерот, како што рече, го имаше со сопственикот на компанијата 4IG и господинот Герерд, кој е веќе присутен во нашата држава како сопственик на лиценца за трет оператор.

– Она коешто е значајно да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании, и компанијата Шварц и компанијата 4IG, планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква област, во сосема поинакво портфолио. Тоа е вештачката интелегенција, дата центрите и енергетиката односно производството на електрична енергија – рече Мицкоски во изјавата за медиумите.

Премиерот и членовите на македонската делегација попладнево присуствуваа на свеченото отворање на 62. Минхенска конференција каде, како што кажа, свое значајно обраќање имал германскиот канцелар Фридрих Мерц, а потоа и средба со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

– На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и идентитетите на македонските граѓани – рече Мицкоски.

Мицкоски од денеска престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во рамките на конференцијата шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции. Разговорите, како што информираат од Владата, ќе бидат фокусирани на регионалната геополитичка стабилност и улогата на нашата држава како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен член на НАТО.

На маргините на Минхенската безбедносна конференција планирани се и средби со високи претставници на Европската Унија, како и со шефови на држави и влади.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно

23/11/2026
Македонија

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка

23/11/2026
Македонија

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека

23/11/2026
Македонија

ДА ИЗГРАДИМЕ ЗЕМЈА ВО КОЕ СЕКОЕ ДЕТЕ ЌЕ ЖИВЕЕ БЕЗ

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАТЕКНАТ КАКО ДИЛА ДРОГА ВО ЗАТВОР Му нашле кокаин,

23/11/2026
Македонија

СРБИН ЛЕТАЛ СО 158 КМ НА ЧАС Приведен е на

23/11/2026
Македонија

УНГАРИЈА ОСТАНУВА СИЛЕН ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНИЈА Муцунски се сретна со

23/11/2026
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46893
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛЕШАНЕЦ, КОЈ ЧУВАЛ 10 КУЧИЊА, ПОЧИНАЛ, КУЧИЊАТА ГЛАДУВАЛЕ ЗАТВОРЕНИ Успешно се заловени и згрижени во

23/11/2026

Десет кучиња биле спасени и згрижени откако нивниот сопственик ненадејно починал, а животните неколку дена останале сами во домот без

СУБВЕНЦИИ ЗА ВОЗАЧКИ ИСПИТ ЗА МЛАДИ БИТОЛЧАНИ Еднократна финансиска поддршка од 6.000 денари

23/11/2026

Општина Битола објави Јавен повик за доделување финансиска поддршка – субвенција на млади лица со живеалиште на подрачјето на Општина

СМРТТА КАЈ СМИЛКОВЦИ СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО Тошковски потврди дека истрагата е во почетна фаза

23/11/2026

Настанот кај Смилковци е класифициран како убиство, истрагата е во рана фаза, информира денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy