(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ВО ЗАГРЕБ: Ветер однесе покриви и урна дрвја
Невреме го зафати хрватскиот главен град Загреб. Делови од градот останале без струја.
Силниот ветер однесе лимени покриви во населбата Волтино во Загреб. Невремето собори и дрвја. Пожарникарите велат дека добиле голем број пријави од граѓаните.
Одвреме-навреме се слушаат и сирени на возилата за итна интервенција кои одат на терен, јавува хрватски Индекс. Јутарњи наведува дека трамваите престанале да работат поради прекинот на струјата. Издадено е црвено метео предупредување поради невремето.
Невреме претходно имаше во Словенија и Австрија. Речиси 6.000 домаќинства во австриската провинција Тирол и денеска се без струја по силното невреме претходниот ден.