
ВИДЕО НЕВЕРОЈАТНИ СЦЕНИ ОД ИЗРАЕЛ: Патнички авион слета додека воздухопловните сили ги соборуваат ракетите на Хамас
ВИДЕО од патнички авион кој слета на главниот аеродром во Израел додека противракетниот систем ги соборува ракетите на Хамас до него, стана вирално на интернет.
Во петокот вечерта, израелската телевизија прикажа снимка од авион кој се приближува до аеродромот Бен Гурион додека противракетниот систем Железна купола ноќе соборува ракети од Појасот Газа.
Повеќето меѓународни авиокомпании ги откажаа летовите за Израел поради безбедносни причини по 7 октомври, кога започна конфликтот меѓу Израел и Хамас. Илјадници ракети од палестински милитантни групи беа истрелани на израелска територија во изминатите два месеци, вклучително и во правец на аеродромот.
И покрај тоа, израелската авиокомпанија Ел Ал продолжува да лета до и од Тел Авив.
Пред две децении таа компанија прва ги опреми патничките авиони со противракетни системи.
