
ВИДЕО Неделна расправија во ЗОО Скопје меѓу негувател и родител: „Јас култура, а вие сте на ограда!“
Негувателот во ЗОО Скопје, Војо Иванов, сними видео на кое се гледа како голем број деца се качиле на оградата на едно од живеалиштата, и покрај јасните насоки дека тоа не е дозволено.
Иванов, како вработен во Зоолошката градина, им пристапи на децата и им укажа дека не смеат да стојат на оградата, но доби контра реакција од родителот.
– „Господо, господо, доле. Доле господо“, рече Иванов. Родителот возврати: „Полека бе, полека“. На коментарот на Иванов дека „децата ви се горе“, родителот рече: „Ако де што има врска? Да не се внатре?“
Иванов продолжи: „Господо, мора доле да бидете!“, на што родителот возврати: „Понашај се малку покултурно“. Негувателот му рече: „Јас култура, а вие сте на ограда?“, а родителот одговори: „Ако мое право“.
Под видеото, Иванов го коментираше инцидентот со зборовите: „Ризик јак, недела со гостите“.