
(ВИДЕО) НАВРНА ДОЖД КОЛКУ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ: Апокалиптични сцени во Грција
Грчките острови каде деновиве има поплави, не паметат вакви штети да имало претходно. На Парос наврна дожд колку што обично врне за еден месец, а на Миконос за два. Тоа се случи во еден ден, наврнаа големи количини дожд.
Улиците станаа реки, а прекрасните плажи се речиси непрепознатливи, објави Репортер. Сега улиците се полни со камења, кал, паднати дрвја.