Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Тетово сака парк“: Наместо парк, 2.000 станови – веднаш да се суспендираат одлуките за промена на ГУП и ДУП за Монопол!
Македонија

„Тетово сака парк“: Наместо парк, 2.000 станови – веднаш да се суспендираат одлуките за промена на ГУП и ДУП за Монопол!

01/04/2025

AA

Граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ на Фејсбук објави дека просторот на поранешниот „Монопол“, кој бил идеален за градски парк, е продаден за само 7.000 евра за изградба на 2.000 станови.

Како што велат, општината немала слух, волја и давала разноразни контрадикторни и неосновани изговори за неприфаќањето на нашиот предлог.

„Кон крајот на 2024 година Советот на Општина Тетово ги променил Генералниот и Деталниот урбанистички план за просторот на тетовскиот „Монопол“, но не за да предвиди парк, туку за да се овозможи изградба на станбени згради за околу 2.000 станови. Веднаш потоа државното земјиште е отуѓено, односно продадено на поединци за смешни 7.000 евра. Биљал Касами не кажува аргумент зошто мнозинството во Советот на Општината ги изменило плановите, и како тоа тој го дозволил. Работа на градоначалникот и советниците не е грижата за приватниот капитал на градежниците и урбаната мафија, туку за јавниот и заеднички интерес на луѓето. Туѓите грешки од 2014 година, не се оправдување за денешните фатални грешки“, велат од таму.

Тие додаваат дека кога предупредувале дека се сомневаат дека зад ваквото неприфаќање на предлогот се кријат лукративни мотиви, Биљал Касами измислувал непотребни националистички провокации.

„Кога предупредувавме дека е последна можност сите граѓани да добијат зелен јавен простор, наместо неколкумина да свртат милиони на грбот на јавното добро Биљал Касами и дел од советниците нѐ игнорираа и нѐ обвинуваа дека имаме други мотиви и цели, а не градење на парк. На крајот се покажува дека не сме биле ние тие кои сме имале скриени мотиви за нашиот предлог, туку некој друг имал свои скриени мотиви за неговото неприфаќање. Во крајна линија, градење на парк не генерира профит – а од друга страна градењето на станбени згради генерира огромен профит – па јасно е сѐ“, велат од граѓанската иницијатива.

Тие апелираат до советниците веднаш да се суспендираат одлуките за промена на ГУП и ДУП за просторот на тетовски „Монопол“ и да се интензивира процесот на изработка на нов, современ Генерален урбанистички план за Тетово, процес кој е во тек, но се одолговлекува.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026
Македонија

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до

27/08/2026
Македонија

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е

27/08/2026
Македонија

Македонски производи на полиците на Lidl низ Европа

27/08/2026
Македонија

Мртвиот гавран најден во Ресен е заразен со западнонилски вирус,

27/08/2026
Македонија

Маж од Аеродром е шестата жртва од западнонилска треска во

27/08/2026
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45284
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Намалувањето на цените важи за целиот училишен прибор

27/08/2026

Родителите ќе можат да очекуваат пониски цени за набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владината мерка

Започнаа контролите за цените на училишниот прибор – глоби до 10.000 евра и забрана за

27/08/2026

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) започна со засилени теренски контроли кај правните субјекти и трговците низ целата земја, за да утврди

Нови пожари горат низ Македонија, Ангелов: Опасноста од ширење е голема

27/08/2026

И покрај интервенциите на пожарникарите и воздухопловните единици, опасноста од пожари на отворен простор и натаму е висока. Во текот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy