
(ВИДЕО) НА УДАР НОВИ САД: Невреме со дожд и град
Невреме со град ја зафати Србија. На удар е градот Нови Сад. Врнеже дожд и град.
Силно невреме со грмотевици се пресели над Посавина во Босна и Славонија во Хрватска и моментално е над Војводина. Во домот „Слободан Бајиќ“ во Нови Сад невремето скршило неколку стакла, оштетен е дел од покривот и громобранот, а во дворот на домот е соборено дрво. Оштетен е и дел од покривот на студентскиот дом „Вељко Влаховиќ“, поради што прокиснуваат неколку простории на поткровјето, а делумно се скинати и покривните олуци. Поради оштетување на рефлекторите не работи надворешното осветлување, а една бреза која ветерот ја собори паднала врз објектот, пишува Дневник.рс.
Невреме денеска ја зафати Словенија.
Временски непогоди имаше и во Франција, а во Швајцарија загина едно лице.
