
ВИДЕО: Мона Лиза итно евакуирана од Лувр
Утринава двајца еколошки активисти ја попрскаа со супа сликата „Мона Лиза“ заштитена со оклопно стакло, која е изложена во музејот Лувр во Париз.
Сликата на Леонардо да Винчи од 16 век е едно од најпознатите уметнички дела во светот и со оглед на тоа што е заштитена со стакло отпорно на куршуми, веројатно нема да е оштетена.
Активистите ги оправдаа своите постапки со желба да го промовираат „правото на здрава и одржлива храна“, пренесува BFM TV.
Музејот Лувр активираше кризна единица, просторијата во која се наоѓа „Мона Лиза“ веднаш е евакуирана и во тек е чистење.
Еколошките активисти го претставија фрлањето супа на „Мона Лиза“ како „почеток на кампањата на граѓански отпор, која носи јасно барање, корисно за сите: социјално осигурување за одржлива храна“.
Најпознатата слика во светот, која се наоѓа зад заштитно стакло од 2005 година, веќе неколку пати беше мета на активисти.
Да потсетиме, на крајот на мај 2022 година, активист и фрли палачинка.
