
ВИДЕО Израелска војска: Иран лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили
Иран лансираше повеќе од 300 „закани од различни видови“ кон Израел, вклучувајќи балистички ракети, беспилотни летала и крстаречки ракети, изјави портпаролот на ИД, Авичај Адраи.
„Пресретнавме 99 отсто од заканите против израелска територија. Ова е многу важно стратешко достигнување“, рече Адраи.
Портпаролот на израелските одбранбени сили Даниел Хагари исто така рече дека некои од лансирањата биле од Ирак и Јемен.
