Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Струга преполна со туристи, се бара место повеќе
Македонија

Струга преполна со туристи, се бара место повеќе

01/08/2023

AA

Струшкото крајбрежје, плажите, чаршијата деновиве се преполни со туристи. Традиционално околу празникот Илинден ривиерата е преполна со гости од земјава и странство, но како и секогаш во Струга најмногубројни се печалбарите.

Зголемената фрекфенција се забележува и низ улиците и патиштата, долгите колони се карактеристична слика за влез и излез од Струга на кружниот тек на патот што води кон граничниот прмеин Ќафасан и патот кон Дебар.

Поради големиот број туристи и враќањето на печалбарите повеќе од двојно била зголемена работата на Брзата помош. Најголемиот број интервенции биле поради колапси предизвикани од жешкото време, информираат од Струшката Брза помош.

Хотелските капацитети се целосно исполнети, а се бара кревет повеќе и во приватното сместување. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески вели дека гости имаат од секаде, од цел свет.

– Неможе да се каже кои гости се најбројни. Тука се холанѓаните, гостите од Полска, Турција, соседството… Годинава многубројни се и гостите од дијаспората, бидејќи не беа вратени подолго време поради короната. Забави има на целото крајбрежје од секаков тип и за сечиј вкус, истакна Блажески.

Покрај екот на туристичката сезона кој трае некаде до средината на август, тој очекува целосна исполнтеост на хотрелските капацитети и во септември.

И покрај гужвите, безбедосната состојба на подрачјето на Одделението за вантрешни работи Струга, според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, е стабилна и поволна.

– Регистрирани се ретки случаи на нарушување на јавниот ред и мир, но најважно е што сторителите веднаш се приведувани и во соработка со јавен обвинител против нив се поднесуваат соодветни пријави, изјави Димоски за МИА.

Ниската свест кај некои граѓани и посетители оставаат и лоша слика во градот со расфрлани отпадоци, уништување на урбаната опрема, за што јавното претпријатие „Комунално“ постојано апелира на совесност и да не се уништува ликот на Струга.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45836
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy