Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Емотивен говор на Горан Тонев во чест на Александар Цеата Коларов: „Тој беше пример за тоа како изгледа еден добар човек“
Македонија

ВИДЕО Емотивен говор на Горан Тонев во чест на Александар Цеата Коларов: „Тој беше пример за тоа како изгледа еден добар човек“

16/10/2025

AA

Во Штип се одржа џем-сешн во чест на починатиот музичар Александар Цеата Коларов, на кој колегите, пријателите и бројни љубители на музиката се собраа да му оддадат почит. Настанот беше исполнет со емоции, музика и спомени на човекот кој остави длабока трага во локалната сцена.

Посебно емотивен момент предизвика говорот на неговиот колега и пријател, Горан Тонев, кој беше повреден во несреќата во дискотеката „Пулс“. Со потресен глас, Тонев се потсети на колегата и пријателот, опишувајќи го како човек со големо срце и исклучителен професионалец.

„Сакам да кажам нешто за мојот колега сега… Тој беше пример за тоа како треба да изгледа еден добар човек. Некој што ги става другите пред себе, што секогаш помага, што беше професионален во својата работа. Малку ми е тешко да зборувам, но ќе го паметам како човек со големо срце кој секогаш мислеше на другите“, рече Тонев.

Тој додаде дека Коларов ќе остане запаметен како човек кој секогаш ширел позитивна енергија и добрина.

„Многу ни недостасува и ќе го паметиме само по добро. Оваа вечер свириме за него и знам дека некаде таму слуша и реагира“, заврши Тонев со солзи во очите.

Џем-сешнот беше организиран во чест на Александар Коларов, кој зад себе остави бројни пријатели, колеги и музички проекти, а вечерта во Штип беше доказ дека неговата музика и дух ќе продолжат да живеат преку оние што го сакаа и почитуваа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy