ВИДЕО Еднаш во деценија, езеро на Алјаска замрзнува
Езеро на Алјаска замрзна и се претвори во лизгалиште. Феноменот се нарекува „леден прозорец“ и се случува еднаш во деценија.
Поради невообичаено ниските температури, студениот фронт и сушата кон крајот на октомври, површината на Езерото Рабит кај Енкориџ е замрзната. Така, површината на водата успеала да акумулира доволно дебелина за да може да се претвори во лизгалиште.
Снимката споделена на социјалните мрежи покажува како неколку луѓе се забавуваат со лизгање на мразот.