Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026

AA

Можно е ново намалување на цените на горивата во земјава, откако надлежните најавија дека на следната седница ќе се разгледува корекција на ценовникот во согласност со движењата на светските пазари.

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека се очекува Регулаторна комисија за енергетика да донесе одлука со која дизелот би поевтинил за 2,5 денари по литар, додека бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 би се намалиле за 1,5 денари.

Според најавите, максималната цена на Еуросупер 95 би изнесувала 82 денари за литар, Еуросупер 98 – 84 денари, додека дизелот би се продавал по 95,5 денари за литар. Овие цени не ги вклучуваат дополнителните попусти што ги нуди ОКТА, кои изнесуваат 2 денари за бензините и 3 денари за дизелот.

Како што беше посочено, очекуваната одлука се темели на анализите на движењата на цените на суровата нафта и нафтените деривати на светските берзи во изминатиот период.

Воедно, Владата најавува дека и понатаму ќе продолжат мерките за ублажување на ценовните шокови, вклучително и намалениот ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти, како и механизмите за усогласување на акцизите.

Од властите уверуваат дека снабдувањето со нафта и нафтени деривати останува стабилно и дека ќе бидат обезбедени доволни количини за потребите на граѓаните и стопанството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026
Македонија

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026
Македонија

ИНФЕКЦИИ, ОТПОРНОСТ НА АНТИБИОТИЦИ И ОПАСНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО: Пронајдена опасна

03/08/2026
Македонија

Приведен стружанец во Ташмаруништа: Навредувал јавни личности на прославата за

03/08/2026
Македонија

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски

03/08/2026
Македонија

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026
Македонија

Приведен маж од Кичево, пијан и без возачка со возилото

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44829
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена жена од Кратово кај локалитетот „Куклица“, нападнала посетители!

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 19:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишија од слобода С.Д.(41) од Кратово, постапувајќи по

РЕАКТИВИРАН ПОЖАРОТ ВО КАВАДРЕЧКО: Два „ер трактори“ го гаснат огнот

03/08/2026

Пожарот во кавадречкиот регион попладнево повторно се реактивира и брзо се прошири на тешко пристапен терен, соопштуваат надлежните служби. Поради

ИНФЕКЦИИ, ОТПОРНОСТ НА АНТИБИОТИЦИ И ОПАСНОСТ ЗА ЗДРАВЈЕТО: Пронајдена опасна бактерија во водата за пиење

03/08/2026

Водата за пиење во Гостивар е микробиолошки неисправна и небезбедна за консумирање поради присуство на опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa (Псеудомонас

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy