Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Аутизмот кај син ми ме инспирираше да напишам книга“, вели скопјанката Амела Мемиш Апостоловска
Македонија

„Аутизмот кај син ми ме инспирираше да напишам книга“, вели скопјанката Амела Мемиш Апостоловска

12/11/2023

AA

На 06.11.2023 во Аросто кафе Скопје се одржа промоција на книга , промотор на книгата беше Проф. Д-р.Мирослав Пендароски кој воедно и ја даде својата рецензија. И токму од една ваква мајчинска љубов кон своите деца, кои се и воедно инспирацја на самата авторка се напиша книгата: „ГЛАСОТ ОД ТИШИНАТА” од Амела Мемиш Апостоловска издадена од Издавачката куќа  Збор.

-Напишана е од сопствено веќе доживеано искуство кое кај мене разви сопствен систем теориски постулати кои претставуваат основа за планирање,  иницирање  и реализирање на конкретни истражувања пред се со внатрешното ЈАС и Аутизмот кај син ми  , и со толкувањето на добиените наоди и емпириски основи кои како такви ги проширив сопствените сознајни хоризонти со пишување. Кратките текстови,  поеми , поезија во книгата Гласот од Тишината ќе им посочи на сите читатели на оваа книга смерноци на научната дисциплина за тоа кои проблеми да ги подложи на емпириска верификација и  ги селектира и определува релевантните методи за прибирање податоци и ќе понуди модели на вистински човекови вредности за нивно толкување. Со што можам да констатирам дека сеуште не постои конзистентен систем кој може да биде означен како научна односно психолошка теорија за човековите вредности и погледот на децата со попречености , Аутизмот.

Ваквата дефицитарна концепциска состојба ги проблематизира сознајните,  мотивациските  , емоционалните процеси како и функциите на волјата.

Оттука како основни психолошки диспозиции на човековата практична дејност оваа книга т.е книгата Гласот од Тишината ги обединува намерите , мотивите,  карактерот,  моралот  и останатите динамизми во склоп со Аутизмот и неговите предности а не попречености – изјави авторката.

-Живееме во време во кое се продуцираат многу книги, прирачници, текстови, филмови, спотови и што ли уште не кои се однесуваат на квалитетен живот, надминување на кризи, досегнување, среќа и сеопшто многу нешта кои се однесуваат на здравјето, а пред се , на менталното здравје! Токму во такво време, како што и самата авторка наместа имплицитно а понекогаш и експлицитно истакнува – време-невреме, во кое се и сешто и секој и секаде и вака и така и онака и секако нуди нешта кои само убаво глаголат а малку кажуваат!

Токму во таквото време недостигаат книги од овој калибар, книги кои имаат силна конкуренција токму заради некоректноста на таа конкуренција каде што она кое изгледа добро добива повеќе внимание од она кое носи корисно и добро во сосема човечка, искрена и прагматична смисла! Токму книгата – Гласот од тиината на Амела Апостоловска е дело кое пркоси токму на центарот на неавтентичното себеизнесување од себични причини, книга која им пркоси на лицемерните обиди да се прикаже сопствената несреќа или дури, несреќата на своето дете се со цел да се себепромовира, да се стане славен, да се привлече внимание! Нејзината книга е реткост од аспект што говори нешто толку интимно, толку болно, толку тешка ама на еден човечен, хуман и нежен глас, не-викајќи а привлекувајќи, не-судејќи ами приближувајќи, не-навредувајќи туку соочувајќи! Оваа книга е пример на мајчинска љубов, на пријателска посветеност, на човечки подадена рака кон сите, особено кон оние кои таква подадена рака ретко добиваат…

Токму затоа, ова е книга за опредметената надеж која се вика – верба, книга за страна од нас што не очајува туку вели – стани и продолжи! Ова е книга во која – црното се обидува да ја види светлината !” Низ внатрешен дијалог со себеси преку едно самоприсутно себесозерцание се доведуваат на виделина феномените на душата…приодот е чисто интимен и интроспективно психолошки, во кој авторkaта си игра со внатрешните согледувања и доживувања во комбинација со вешто избрани позитивни насоки за пошироката околина, како да тоа што е доживеано се сака да се сподели! Сето тоа е изнесено низ интересна комбинација на кратки текстови кои се тематски, стихови и поеми и полуесејски делници со чисто интимни лични согледувања. Авторката зборува за внатрениот глас на секој од нас, гласот од нашата тишина, од најскриените и најискрените делови на нашиот внатрешен свет. – изјави проф. Мирослав Пендаровски, промотор на книгата.

Амела Мемиш Апостоловска е дипломиран педагошки едукатор, смер психологија. Во фокусот на нејзините истражувања и специјализации е и аутизмот. Мајка е на дете со аутизам.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Клековски на средба со ЗЛОМ и ЗПЛРМ: Заедно за побрзи

24/07/2026
Македонија

Муцунски со остра осуда за рускиот напад врз латвиската дипломатска

24/07/2026
Македонија

АХВ им врати на сточарите: Се преземаат сите мерки против

24/07/2026
Македонија

Аларм од сточарите: Се бара итна вакцинација на овците

24/07/2026
Македонија

УЈП со засилени контроли: Се чешлаат приходите од издавање апартмани

24/07/2026
Македонија

Ѓорѓиевски: Толеранција нема да има за никого, брзо ќе го

24/07/2026
Македонија

Пелистер побеле во јули: Драстичен пад на температурите донесе снег

24/07/2026
Македонија

Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод годишнината од земјотресот

24/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44638
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Клековски на средба со ЗЛОМ и ЗПЛРМ: Заедно за побрзи и поефикасни термини

24/07/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски, денес одржа средба со претставници на матичните лекари и Управата за електронско здравство Мој Термин,

Муцунски со остра осуда за рускиот напад врз латвиската дипломатска мисија во Словјанск

24/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати силна осуда по повод рускиот напад врз градот Словјанск во

АХВ им врати на сточарите: Се преземаат сите мерки против сипаниците кај овците

24/07/2026

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево соопшти дека целосно ја разбира загриженоста на одгледувачите на овци, но категорично ги

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy