Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО: Дива мачка регистрирана во заштитеното подрачје Вевчански извори
Македонија

ВИДЕО: Дива мачка регистрирана во заштитеното подрачје Вевчански извори

12/04/2023

AA

Во заштитеното подрачје Вевчански извори со фото замка, камерите на еколошкото здружение „Еко свест“ регистрирале дива мачка.

Дивата мачка е преосетлив и плашлив дивеч, строго заштитен вид. Согласно Законот за ловство на национално ниво забранет е нејзиниот лов. Исклучив месојад, кој вообичаено оди ноќе и взори по својот плен, а начинот на исхрана го приспособува според условите на своето живеалиште. По изглед слична е со питомата мачка.


– Има одлично развиен слух, вид и допир, а послаб мирис. Таа е силно и снаодливо животно, се движи внимателно и речиси нечујно, а може да скокне во должина и до 15 пати повеќе од своето тело. Од питомите мачки секогаш се разликуваат по црните усни и табани и големата влакнавост во внатрешноста на ушите. Главата на дивата мачка е поширока од главата на домашната, информира „Еко свест“.

Здружението посочи информира дека фото замките биле поставени во 2018 година во рамките на проектот „Воспоставување на систем за мониторинг и управување со Вевчански извори Споменик на природата”, поддржан од УНДП. Во тек е реализација на проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје Вевчански извори“, што од минатата година го реализаира во ова заштитено подрачје со цел поддршка за одржливо управување. Во рамките на проектот во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ предвидено е да биде поставена трајна поставка за природа, преку која посетителите ќе можат да се запознаат со природното наследство на Споменикот на природа Вевчански извори и планината Јабланица.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината

13/04/2026
Македонија

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во

13/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ

13/04/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ЖЕШКО ЛЕТО СО СУПЕРКЛЕТОЧНИ БУРИ Славчо Попоски прогнозира

13/04/2026
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42420
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Битиќи: Поразот на Орбан е силна опомена за власта, иднината е во европеизација, а не

13/04/2026

Поразот на Виктор Орбан на изборите во Унгарија е политичка порака што одекнува и надвор од Будимпешта и претставува директна

ВОЗЕЛ ПИЈАН И СО ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ Неготинец удрил во пешак и го повредил

13/04/2026

Лишен од слобода e возач од Неготинско, кој возејќи под дејство на алкохол и со мерка забрана за управување, удрил

ФИЛИПЧЕ НЕМА ЛУКСУЗ ДА ГУБИ ВРЕМЕ СО ИЗБОРИ ВО ДРУГИ ДРЖАВИ Засукај ги ракавите и

13/04/2026

ВМРО-ДПМНЕ го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче да се огради од криминалите на Зоран Заев, да ги засука ракавите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy