
ВИДЕО Човек го исвиркува Трамп на митинг, тој побара од обезбедувањето да го избрка
Инцидент на митингот на Доналд Трамп во Њу Хемпшир. Еден човек го исвирка милијардерот кој се кандидираше за републиканска претседателска номинација.
Ова се случи токму во средината на говорот на Трамп, кој ја критикуваше политиката што ја води актуелниот шеф на американската држава Џо Бајден. Потоа од публиката избувнаа свирежи, а републиканскиот кандидат се сврте кон обезбедувањето и рече: „Тргнете го одовде“.
На снимките објавени од неколку американски телевизии се гледа како обезбедувањето му приоѓа на човек од публиката и го извлекува надвор.