Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Целосно затемнување на Сонцето: Мексиканците први го видоа овој природен феномен
Македонија

ВИДЕО Целосно затемнување на Сонцето: Мексиканците први го видоа овој природен феномен

08/04/2024

AA

Во следните неколку часа целосно затемнување на Сонцето ќе биде видливо во Мексико, 13 американски држави и Канада.

Голем број луѓе во мексиканскиот град Мазатлан ​​први го видоа затемнувањето на Сонцето. Овој феномен потоа ќе се „пресели“ во САД, каде ќе биде видлив во 13 земји, а ќе заврши во Канада, јавува Би-би-си.

Кога ќе го достигне максимумот, Месечината целосно ќе го блокира Сонцето, а небото ќе се стемни четири минути. Тоа ќе се случи околу 9:18 часот по средноевропско време, пренесува Ројтерс.

За време на целосното затемнување, Месечината полека ќе го покрива Сонцето додека не биде целосно блокирано, а самракот ќе биде доволно долг за да се видат планетите, ѕвездите, а можеби дури и кометата.

Темнината во текот на денот ќе трае до 4 минути и 28 секунди, што е речиси двојно подолго од затемнувањето во САД пред седум години, бидејќи Месечината е поблиску до Земјата.

НАСА на својот канал на Јутјуб објави видео со сателитска слика каде што можете директно да го гледате затемнувањето.

Експертите препорачуваат носење заштитни очила

Патеката за затемнување започнува во градот Мазалтан, Мексико и ќе се движи низ Сан Антонио, Остин и Далас, Тексас, потоа низ Индијанаполис, Кливленд, Ири, Нијагарините водопади, Њујорк, Онтарио и Монтреал.

Околу 32 милиони луѓе во САД живеат на патеката на затемнувањето, а федералните власти предвидуваат дека уште пет милиони луѓе ќе патуваат за да бидат на патот на затемнувањето за да го видат феноменот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy