
ВИДЕО: Брза помош се преврте на раскрсницата Нова Македонија по судар со автомобил
Тешка сообраќајна несреќа доцна вечерва на раскрсницата кај Нова Македонија.
Едно возило на Брза помош со кумановски регистарски ознаки е превртено на коловозот по судар со автомобил.
Не јасно е во моментов дали има повредени лица во тешкиот инцидент.
Раскрсницата е блокирана, а сообраќајот го кпнтролира полицијата. На терен се експерти кои треба да утврдат како дошло до несреќата и кои биле причините.

