Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Илон Маск: Контролата на раѓање и абортусот ќе ја „урнат“ цивилизацијата
Македонија

Илон Маск: Контролата на раѓање и абортусот ќе ја „урнат“ цивилизацијата

22/04/2023

AA

ЕЛОН Маск тврди дека контролата на раѓање и абортусот може да доведат до „колапс“ на цивилизацијата. Во интервју за водителот на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, милијардерот зборуваше за тоа како „поривот за секс и раѓање е поткопана од контролата на раѓање и абортусот, што доведе до пад на населението“.

„Кога имате пристап до контрола на раѓање и абортус, можете да го задоволите вашиот инстинкт, но не и да се размножите“, рече тој во вторникот.

Основачот на SpaceX верува дека општеството „сè уште не еволуирало за да се справи со ефектите од контрацепција“.

„Загрижен сум дека цивилизацијата ќе пропадне ако не создадеме доволно луѓе барем да го одржиме нашиот број, можеби дури и да го зголемиме малку. Се плашам дека цивилизацијата ќе пропадне“, додаде Маск.

.@ElonMusk tells @TuckerCarlson the rise of birth control has allowed humans to “still satisfy the limbic instinct, but not procreate,” adding “if we don’t make enough people to at least sustain our numbers, perhaps increase a little bit, then civilization’s gonna crumble.” pic.twitter.com/xB7pI9pDsZ

— Fox News (@FoxNews) April 19, 2023

Изјавите на Маск предизвикаа бројни реакции на интернет. За почеток, многумина истакнаа дека формите на контрацепција постојат многу подолго од само 50 години, како што тврди Маск.

Имено, најраните облици на контрола на раѓањето датираат од 1850 година п.н.е., кога Египјанките мешале гума од багрем со мед, кој служел како цервикален приклучок за да го спречат влегувањето на спермата во матката. Во античка Грција и Рим, популарни форми на контрацепција биле растенијата како што се силифиумот и семките од калинка. Модерната орална контрацепција беше пионер на Маргарет Сангер во 1950-тите, а пред тоа кондомот од латекс се појави во раните 1900-ти.

И покрај масовното производство на орални контрацептиви и хормонски методи за контрола на раѓањето, човечката популација всушност е повеќе од двојно зголемена во последните 50 години од 2,5 милијарди на 8 милијарди, според Обединетите нации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44791
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy