
ВИДЕО Белгиец со гумен чамец по Вардар стана хит на Инстаграм
Белгиски државјанин, кој подолг период живее во Македонија и на своите профили на Инстаграм и Јутјуб редовно објавува видеа за својот престој, како и за секојдневниот живот во Скопје, неодамна објави ново видео што предизвика големо внимание.
Во снимката, тој е прикажан како со гумен чамец плови по реката Вардар. Видеото за кратко време стана вирално, а за само неколку дена собра повеќе од 6.000 допаѓања на Инстаграм. Под објавата, бројни корисници од Македонија оставија хумористични коментари, шегувајќи се дека „станал радиоактивен“ или дека можел да закачи некоја бактерија.