Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Меџити: Скандирањето на Градски не беше антимакедонско, во Куманово беше антиалбанско
Македонија

Меџити: Скандирањето на Градски не беше антимакедонско, во Куманово беше антиалбанско

09/08/2025

AA

Заменик-претседателот на Владaта и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска доби новинарско прашање – да се произјасни за иредентистичките скандирања на Националната арена „Тодор Проевски“. Тој и самиот беше присутен на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах, на кој навивичката група „Балисти“ во еден момент започна, а остатокот од стадионот следеше со скандирање на пароли како „Илирида“.

Илирида е политички концепт кој подразбира создавање република која би ги опфатила местата во кои живеат етнички Албанци, нешто на што официјално Скопје гледа како на иредентизам, сецесионизам, па и закана за соживотот особено во етничко шареноликите средини.

Не е првпат „Балистите“ да скандираат слични пароли, но овојпат тоа се случи само неколку дена откако во Куманово, на кошаркарски натпревар меѓу Македонија и Романија, дел од публиката пееше „За Шиптари гасна комора“ и други пароли упатени кон Албанците.

Како Влада, ние ги осудивме сите што ќе посегнат по ксенофобија, по расизам. Имаше разлика. Во Куманово беа антиалбански настроени. Не ги оправдувам ни другите, но не беа антимакедонски настроени. Како и да е, ние повикуваме да се почитуваат различните вредности, да се почитуваме едни со други и да придонесеме едно со други да се надминат овие состојби. изјави денеска Меџити.

Во својот одговори, Меџити посочи и на „виновник“.

Мислам дека судството не кога треба, значи, не делуваат, кога треба претеруваат како во овој случај. Ги повикуваме да за и судството да придонесе за меѓуетничките односи, а не да ги загрози кажа Меџити.

Додека Изет Меџити денеска препозна дека и навивањето на Арената „Тодор Проески“ не било за оправдување интересно е што неговиот близок политички соработник и претседател на Собранието, Африм Гаши, не ги слушна спорните пароли. Меџити и Гаши беа само дел од функционерите на ВЛЕН кои го следеа натпреварот Шкендија-Карабах во живо.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy