
ВИДЕО Автобус излетал од патот во Турција, има жртви и повредени
Шест лица загинаа, а уште 30 се повредени во автобуска несреќа во турската провинција Амасија, јавува Anadolu Agency.
Несреќата се случила во близина на градот Мерзифон. „Патнички автобус кој сообраќал од главниот град Анкара до Токат излетал од патот откако возачот изгубил контрола над возилото“, соопшти агенцијата. Сите триесет жртви се хоспитализирани.
