Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Авион принудно слета на снежен автопат – „Пилотот беше феноменален“
Македонија

ВИДЕО Авион принудно слета на снежен автопат – „Пилотот беше феноменален“

20/01/2024

AA

Мал авион принудно слета на автопат во американската сојузна држава Вирџинија, пренесува Ројтерс. Несреќата се случила по полетувањето.

Во авионот „Чесна 208“ имало седум лица. Авионот принудно слета 35 минути по полетувањето. Летот беше за Ланчестер, Пенсилванија.

Пилотот, копилотот и петте патници – четворица возрасни и 15-годишно момче, преживеале без повреди. Оштетувања има само на заштитната ограда на автопатот.

Џес Лејбел го возел својот автомобил на автопат кога авионот поминал метри над него и слетал на околу 10 метри пред неговиот автомобил.

„Авионот промашил далновод, автомобили и дрвја. Несреќното слетување на пилотите беше феноменално“, изјави човекот за ABC News. Според него, патниците биле во добра состојба, но во шок.

„Со олеснување известивме дека нема повредени“, изјави Стен Литл, извршен директор на Саутерн Ервејс, кој е сопственик на авионот.

„Ние сме им благодарни на нашите пилоти кои го направија токму она за што беа обучени – да ја стават безбедноста на нашите патници на прво место. Тесно соработуваме со властите за темелно да ја истражиме ситуацијата“, рече извршниот директор.

Причините кои довеле до принудното слетување на снежниот експресен пат се уште не се објавени. Властите започнаа истрага.

Ова е втора авионска несреќа за еден месец во САД. Дупка со големина на фрижидер се отвори во трупот на Боинг 737 Мах на Алјаска ерлајнс откако таблата на прозорецот се откина на лет.

Во друг случај, за време на лет над Мајами избувнал пожар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy