
ВЕТЕРОТ ЈА ЗАПРЕ ЖИЧНИЦАТА: Нема возење до Милениумскиот крст денес
Ако денешниот ден (недела, 11 јануари) планиравте да го искористите за панорамско возење до врвот на Водно, ќе мора да ги промените плановите. ЈСП Скопје утрово соопшти дека Жичницата е привремено затворена.
Причината за прекинот се лошите временски услови, поточно силниот ветер кој дува на планината.
Од ЈСП појаснуваат дека јачината на ветерот во моментов ги надминува дозволените граници за безбедно функционирање на објектот.
