
Вестите сепак поважни од стилот: Критикуваниот водител ги тргна штипките!
Новинарот на ABC News, Дејвид Муир, се врати во програмата откако се соочи со низа критики за носење штипки за да ја затегне јакната додека од терен ги покриваше шумските пожари во Лос Анџелес.
По серијата реакции на социјалните мрежи, американски репортер реши да ги тргне штипките и да ја откопча огноотпорната јакна додека известуваше за шумски пожари.
Непријатната грешка во средата беше откриена случајно за време на програма во живо во која се покажа дека Муир е повеќе фокусиран на изгледот отколку на жртвите и последиците предизвикани од катастрофалните пожари.
По тој повод многумина го нарекоа „неетички, патетично и нарцисоидно копиле“, а некои дури и се шегуваа на негова сметка.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат Муир како известува од погодените области додека зад него извира чад во уништените населби. Во еден момент се врти за да ја покаже штетата и потоа се гледа дрвена штипка за алишта.
Патем, користењето штипки за затегнување на алиштата е стандарден трик за стајлинг на телевизија, кој се изведува за затегнување на облеката без шиење.
